3.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Дојче Веле“: „Големиот брат“ се дистанцра од ЕУ и Германија

САД под водство на претседателот Доналд Трамп се повеќе се оддалечуваат од ЕУ и Германија, па сега нивните разлики се видливи се повеќе, оценува „Дојче Веле“.

Во освртот се наведува дека тие разлики станаа особени видливи по воинствените закани на Трамп упатени кон Северна Кореја и најавите за можно повлекување на САД од Договорот за иранската нуклеарна програма.

– Иако деновове многу изјави во Гермнаија се под влијание на предизборната кампања, политичките аналитичари во Бермин сметаат дека глобалната улога на САД е променета. „Големиот брат“ малку се дистанцираше, што деновиве го потврдуваат и настапите на европските политичари, смета „Дојче Веле“.

Германскиот медиуми посочува дека тоа разидување било особено видиливо во говорите на Трамп и германската канцеларка Ангела Меркел пред Генералното собрание на ОН, кои практично изнеле речиси спротивни позиции за кризата околу Северна Кореја и иранскииот нуклеарен договор.

– Нивните концепти драстично се разликуваат: едниот е обележан со постојани закани, а вториот со верба во дијалог, заклучува „Дојче Веле’.

поврзани објави

Последни објави