25.8 C
Skopje
Friday, July 11, 2025

Димитров: Татко ми е дојден во РМ по граѓанска војна во Грција во 1948, рече Димитров за менувањето на учебниците по историја

Министерот за надворешни работи на РМ Никола Димитров денеска во врска со можноста за менување на учебниците по историја со цел да се спушти топката во односите со соседите, изјави дека е син на татко бегалец од Егејска Македонија.

– Татко ми е дојден во РМ по граѓанска војна во Грција во 1948 година. Не сум историчар, не сакам да одам поконкретно во однос на ова. Ако сакаме да ги отвориме односите, да отвориме поголем простор за соработка не знам зошто би имале страв да видиме каков е историскиот наратив во Грција за нас и каков е наративот кај нас за Грција, рече Димитров.

Тој ја најави квадрилатерална средба в среда и четврток во Солун на покана на Никос Коѕијас, на која ќе учествуваат и Албанија и Бугарија. На средбата ќе се разговара за безбедносната соработка, прекуграничната соработка, енергетското поврзување и за други актуелни теми. Тој очекува билатерална средба со Коѕијас.
Извор: МИА

поврзани објави

     

Последни објави