Од хрватска ни стигнува една малку несекојдневна ситуација во која газдата на РНК Сплит иако нема пари за своите вработени, живее живот на висока нога.
Сопственикот на клубот, Славен Жужул има долг кон 250 побарувачи од кои над 100 се фудбалери и тренери. На некои од фудбалерите се должи и по 17 плати што е премногу, а за тоа собра храброст да проговори порашениот тренер и спортски директор, Тончи Башиќ.
„Мене не ми пречи тоа што Жужул купува недвижности, автомобили и хеликоптер, но ми пречи тоа што не ни го испалаќа она што е заработено и тоа што некој дозволил на вработените да се должи плата и по 17 месеци“, вели Башиќ.
За да оваа приказна има уште поневеројатен тек, говори и фактот што газдата преку својата фирма која го спонзорираше клубот, поднесе барање до судот за долг со цел побарувањата на должниците да се намалат за 70 проценти.
Што се однесува до клубот, РНК Сплит во изминатите седум години важеше за стабилен прволигаш, сезоната 2010/2011 година заврши како трети а играше и европски натпревари во квалификациите со тимови како англиски Фулам и италијански Торино.