Според истражувањето кое го спроведе „Ал Џезеира“, македонските општини се задолжени со повеќе од 76 милиони евра. Ова е околу 15 проценти од вкупниот реализиран буџет од сите општини, на годишна основа.
Најзадолжени општини во државата се Охрид со 15 милиони евра, потоа следува Тетово со повеќе од осум милиони евра и Карпош со долг кој надминува седум милиони евра.
Од вкупно 81 општина, само три општини во државата немаат долгови. Тоа значи дека новоизбраните градоначалници ги очекува голем предизвик во финансиските операции по локалните избори.