Денеска ОЈО Скопје соопшти дека е определена мерка Притвор во траење од 30 дена за четири лица кои се под истрага за сторено кривично дело Убиство во обид сторено во соизвршителство.
Тоа се четирите лица за кои јавното обвинителство вчера бараше да се приведат за постапката на настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април и нападот врз Зијадин Села.
Во однос на петото лице кои исто така беше приведено, дополнително ќе се носи одлука за притвор бидејќи истото е со нарушено здравје .