Дел од албанското гласачко тело одлучи кој ќе ја превземе власта кај македонските партии. Сега македонските партии имаа влијание кој ќе ја води локалната самоуправа каде што имаме доминантно албанско население. Ова го истакна лидерот на ГРОМ и поранешен градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, во изјава за „Алфа“.
-Многу е симптоматично што во една владина коалиција најголемиот партнер застанува зад најголемата албанска партија, а другите ги кашира, практично работат едни против други и навистина е чудно како од денес тие ќе функционираат во Владата на Република Македонија. Каква е таа Влада во која гледате дека имате некомпатибилност? Сакам да прашам, оваа тројна нивна коалиција, иако се гледа дека внатре се едни против други и се гледаат на ретровизори, како каква коалиција треба да ја наречеме?Дека е за некои големи стратешки цели? И приказните за Европска Унија, за НАТО нека ги кажуваат некаде на друго место, порача Јакимовски.
Надворешната политика која ја води Владата на Заев, за Јакимовски е опасна и претставува “општ циркуз на Балканот“.
-Ние само се буткаме како држава во нов Балкански конфликт, а причината да биде Република Македонија и евентуално таква војна би се водела на тлото на Македонија. Отстапките кои ги прави Владата се општ циркуз на Балканот, најнестабилизирано подрачје ќе биде Република Македонија, благодарение на Владата која мисли дека е паметна со тоа што ќе им даде на соседите да ни ги прават учебниците. Мисли ли некој паметен во оваа држава дека Србија ќе седи на страна да се прекројуваат учебниците како што сакаат Бугарија и Грција, а Србија ќе седи мирна? Кога ќе ги додадеме тука и Албанците… Што е најстрашно, ние сме тоа јаболко што си се додаваме во устата на едните и на другите наместо сега кога имаме држава ние да го браниме не само суверенитетот и територијалниот интегритет, да го браниме и уставниот поредок и да ги браниме нашите историски придобивки, порача Јакимовски.