10.8 C
Skopje
Saturday, February 24, 2024

Почна протестот против пресудите за „Диво Насеље“

На плоштадот Скендербег“ во Скопје почна протестот против изречените пресуди на обвинетите во случајот „Диво Насеље“. Се очекува учесниците на протестот од плоштадот Скендербег да се упатат кон Собранието на Република Македонија каде по кратко задржување по истата маршута ќе се вратат назад и ќе протестираат пред Основниот суд Скопје 1. Протестот го организира Здружението за албанска култура, која вчера го пријави настанот во полициската станица Бит пазар. Во повикот за протестот што го пренесоа дел од медиумите е наведено дека треба да присуствуваат сите граѓани кои сметаат дека „ваквото изживување и самоволие на судот во изрекување на казните се уште еден пример за неправедна правда и двојни аршини од страна на судот“. За време на протестот сообраќајот на бул „Гоце Делчев“ и ул.„Филип Втори Македонски“ ќе бидат пренасочени во двата правци, а потоа и сообраќајот на улиците „11ти Октомври“ и „Димитрија Чуповски“ и тоа од крстосница помеѓу „11ти Октомври“ и бул „Кочо Рацин“ (Црвен крст) до крстосница помеѓу ул„Димитрије Чуповски“ и ул.„Даме Груев“ (Палома Бјанка). На 2 ноември, Основниот суд Скопје 1 изрече седум доживотни затворски казни за обвинетите од „Диво Насеље“,13 обвинети им изрече единствена затворска казна во траење од 40 години, шестмина се осудени на затвор од 20 години, еден обвинет доби 18 години затвор, двајца затвор од 14 години, двајца 13 години, а четворица поради немање докази се ослободени од обвиненијата. На шеснаесет обвинети судот им изрече и казна протерување странец засекогаш од територијата на Република Македонија.

 

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -