2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Груевски е наш претседател и останува да биде

Опозицискат ВМРО-ДПМНЕ денес лиферуваше за јавноста ново соопштение во кое повторно потврди дека нивниот досегашен претседатели, Никола Груевски и понатаму ќе остане на истата функција.

Во продолжение интегрално ви го пренесуваме соопштението од ВМРО-ДПМНЕ:

„Груевски е Претседател на ВМРО-ДПМНЕ и останува на оваа функција согласно доверениот мандат.

Понатамошни и  идни чекори на партијата ќе бидат превземени по направените анализи на резултатите на последните избори. Тие чекори ќе бидат во насока на интересите на партијата ВМРО-ДПМНЕ, нејзините членови, доброто на граѓаните и интересот на Македонија.

Најголемото зло во оваа држава останува да биде хунтата на власт која ја носи државата во економската бездна и сиромаштија. Се друго преставува дефокусирање од вистинските теми во државата како што е погазувањето на државните интереси во секој поглед, повисоките даноци, криминалот, стагнацијата на сите проекти“

поврзани објави

Последни објави