Македонскиот голгетер се реши да не го напушти тимот на Палермо со кого утрово потпиша нов договор, сега со време траење до 2021 година.
Двете страни беа во интензивни преговори веќе неколку дена, а денес падна и конечниот договор, па така најдобриот играч сезонава на Палермо ќе остане во Сицилија уште четири години.
По официјализацијата и продолжувањето на соработката се огласија и двете страни:
„Палермо со задоволство може да потврди дека Илија Несторовски го продолжи договорот. Напаѓачот сега е обврзан кон „Росанерите“ до 30. јуни 2021”, истакнаа од Палермо.
Задоволен од новиот договор, исто како и Палермо беше и нашиот репрезентативец, Илија Несторовски.
„Среќен сум и задоволен што ја продолжив соработката со клубот кој ми укажа доверба, ми даде шанса да играм во Серија А и ми направи голема чест со тоа што ми ја даде капитенската лента.Сакам да му се заблагодарам на Маурицио Ѕампарини и сите во клубот, како што постојано велев, сакам да се одолжам со тоа што ќе вратам Палермо онаму каде што припаѓа, во Серија А”, истакна Прилепчанецот.