Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан најави посета на Скопје наредната недела, на својот Твитер профил по средбите со шефот на дипломатијата Никола Димитров и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.
„Со нетрпение ја очекувам мојата посета на Скопје следната недела, на која ќе имам политички средби, но и средби со претставници на цивилното општество“, објави Хан на својот Твитер профил.
Тој додаде дека верува во Владата на Република Македонија за реформите кои ќе се спроведат до крајот на годината, истовремено потенцирајќи дека е потребна конструктивна соработка на сите политички партии, вклучувајќи ја и опозицијата, со цел да се искористи позитивниот момент.