Босна и Херцеговина е невозможна држава која постои благодарение на притисокот на меѓународната заедница. Ова го изјави во интервју за емисијата “Прашалник”на RTS, претседателот на Република Српска Милорад Додик. Додик тврди дека Босна и Херцеговина “нема да ја признае независноста на Косово”, бидејќи Бакир Изетбеговиќ, кој е приврзаник на вакво признание е “само еден од тројцата претседаваат со Федерацијата и докажал дека е непријател на Србија”. Според него “Република Српска ги има сите елементи за да може да функционира како самостојна држава. Има територија, има народ кој сака држава, своја власт и добри регионални односи. Најдобро е да се разделиме со Бошњаците, бидејќи само си го губиме времето заедно. Чудовиштето Босна и Херцеговина не може повеќе да постои “, дециден е Додик.