-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Столтенберг: ЕУ не може да го замени НАТО

Програмата за Трајна структурна соработка во областа на одбраната (ПСС) нема да може да го замени НАТО за земјите од ЕУ, изјави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, на Меѓународниот форум за безбедност во канадскиот град Халифакс.

“Ја поздравувам програмата на ПСК, бидејќи сакам да ги зајакнам одбранбените способности на Европа”, истакна генералниот секретар. Тој истакна дека програмата може да претставува закана за НАТО ако се обиде да се натпреварува со Пактот. “Но, таа не си поставува таква цел. Унијата нема да може да го замени НАТО како организација која ја гарантира колективната безбедност на земјите членки”, уверен е Столтенберг.

Генералниот секретар додаде дека засега Украина и Грузија не се подготвени да станат членки на НАТО, но Алијансата им помага во подготвувањето на неопходните реформи. “Мора да ги модернизираат одбранбените институции, да се борат против корупцијата и да ги зајакнат демократските институции”, истакна Столтенберг.

“Вратите на НАТО се отворени и најдобар доказ за тоа е дека од крајот на Студената војна бројот на членовите на Алијансата се зголеми речиси двојно”, истакна тој.

Столтенберг истакна дека НАТО нема намера да ги зголемува тензиите поради растечкото воено присуство на Русија во Арктикот.

Канадскиот министер за национална одбрана Харџит Саџан на форумот во Халифакс истакна дека членките на НАТО се подготвени за дијалог со Русија.

“Демонстрирањето на единството од страна на земјите на НАТО е многу важно”, рече тој. “Но, ние треба да сме убедени дека вратите за дијалог се отворени”, додаде министерот, нагласувајќи дека крајната цел е  намалување на тензиите меѓу Москва и Алијансата, за да може Пактот да го фокусира своето внимание на другите безбедносни прашања во интерес на целиот свет.

поврзани објави

Последни објави