Рускиот претседател Владимир Путин го најави завршувањето на големите воени операции во Сирија. Тој, исто така, истакна дека е спречен распадот на Сирија, објавија светските медиуми. Ова се случи по состанокот рускиот претседател со неговите колеги од Турција и Иран- Реџеп Ердоган и Хасан Рухани во Сочи. Путин истакна дека спасот на Сирија е реалност пред се поради заедничките напори на Турција, Русија и Иран. Путин исто така, истакна дека за надминување на конфликтот во Сирија е важен и хуманитарниот аспект и укажувањето на помош на населението, деминирање на териториите и помош при враќањето на бегалците. Путин, исто така, им понуди на своите колеги од Турција и Иран заедно да развијат програма повторна изградба на уништените реони во Сирија.