11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Навивачите на Јувентус открија: Еве зошто синоќа направивме кореографија за Манџуќич

Кога на натпреварот меѓу Јувентус и Барселона преку целата трибина на стадионот осамна транспарент “Војници меѓу луѓето“ и фотографијата на Манџуќич, не постои играч која остана рамнодушен.

Пораката на навивачите е јасна – од играчите бараат да бидат војници … Да бидат војници како хрватскиот напаѓач.

“навивачите со тој транспарент сакаа да им покажат на останатите играчи дека секогаш треба да го дадат максимумот, без оглед на последиците. Да, Манџуќич е по нив водачот на Јувентус. Навивачите го обожаваат Манџуќич бидејќи е војник на теренот, играч кој дава се од себе за својот тим. Многу го сакаат бидејќи, наместо многу да зборува, тој “зборува“ на теренот односно неговите дела зборуваат сами за него. Никогаш не говори лошо за медиумите, ниту во јавноста, а се чини дека навивачите ја почитуваат таа негова особина“, открива новинарот Ромео Агрести кој го следи Јувентус.

Мислењето на навивачите е дека, Марио беше единствениот игач кој навистина се трудеше и даде се од себе во финалето против Кардиф, кога постигна и прекрасен гол, пишува Агрести.

Навивачите бараа негово влегување во игра синоќа против Барселона, но тренерот Алегри не им ја исполни желбата па цел натпревар хрватот седеше на клупа. Оваа сезона тој постигна четири гола, два во Лига на шампиони и два во италијанското првенство.

поврзани објави

Последни објави