7.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Тачи: САД влегува во дијалогот Белград-Приштина

Претседателот на Косово Хашим Тачи, изјави дека амерканскиот потпретседател,Мајк Пенс, го информирал за вклучувањето на САД во дијалогот Белград-Приштина.  Тој посочува дека неодамна,за време на неодамнешниот престој во САД се сретнал со Пенс од кого добил потврда дека Вашингтон поактивно ќе се вклучи во дијалогот. На прашањето кога ќе биде формирана Заедницата на српски општини,тој вели дека „што побрзо толку подобро,во согласност со законите на Косово,а тоа е и меѓународна обврска“. Тој упатил повик до сите Срби кои го напуштиле Косово, да се вратат назад. Тачи додава дека поканата за претседателот на Србија, Александар Вучиќ, да го посети Косово е „секогаш отворена“.

поврзани објави

Последни објави