fbpx
16.8 C
Skopje

Најновата граница во Европа?

АКТУЕЛНО

Една граница, која сега е невидлива може повторно да се појави на географските карти. Што ќе се случи со ирската граница по Брекитот? Ова прашање има историја која не враќа сто години наназад.
Што ќе се случи со ирската граница откако Британија ќе ја напушти ЕУ? Ова е едно од жешките прашања во тековните разговори. Бидејќи Република Ирска е членка на ЕУ и ќе остане таква и по Брекзитот, но тоа не важи за Северна Ирска, која е дел од Велика Британија. Односно, во средината на зелениот остров ќе се појави една нова надворешна граница на ЕУ, што ќе има сериозни рефлексии врз целиот регион.
За што станува збор? Ќе ги разгледаме некои од најважните аспекти на прашањето кое историски ги опфаќа изминативе 100 години.

Поделбата на Ирска

За време на Првата светска војна ирскиот стремеж кон независност, изразен преку политичка и вооружена борба, го достигнува својот врв. Лондон е задолжен да воведе закони насочени кон децентрализирање на власта, наместо да му даде независност на ирскиот народ. Првите обиди за создавање на заеднички ирски парламент во Даблин пропаднал поради отпорот на северноирските лојалисти. Тие се за останување во Велика Британија, поради тоа што не сакале да бидат управувани од еден центар и во духот на ирскиот национализам.
Наместо тоа, се создаваат два одделни парламента, а на северот се појавуваат Северна и Јужна Ирска. По 3-годишна војна за независност, владата во Лондон го признава поразот, по што во 1922 година Јужна Ирска се одделува и престанува да биде дел од Велика Британија.

300 гранични премини

За да бидат намалени негативните рефлексии од разделбата, во 1923 година е формирана т.н. Common Travel Area – нешто слично на денешната Шенген зона. Таа им дава право на жителите на регионот да ја преминат ирската граница без контрола на пасоши. Тоа било големо олеснување. По должината на 499-километарската граница меѓу Република Ирска и Северна Ирска има околу 300 помали и поголеми гранични премини.
Сепак, оваа граница не била секогаш толку невидлива. Во 1969 година Северна Ирска го ескалира насилството, Лондон испрати војници таму. Пограничната контрола потоа е затегната за да се спречи нелегалниот пренос на оружје од Република Ирска во Северна Ирска. Британската армија ги затвора некои од помалите гранични премини, дури ги уништува патиштата кон нив. Некои општини беа особено погодени од овие мерки, што доведе до зајакнување на национализмот во овие места.

Трговска војна со тешки последици

Договорот од 1923 година за Common Travel Area е олеснување на приватните патувања меѓу двата дела на островот, но карго транспортот бил во голема мера ограничен. Првично само одредени стоки биле царинени, но по англиско-ирската трговска војна во 1930-те години се воведуваат царини за земјоделските производи, а исто така и за јагленот и челикот. Мерките на владите во Лондон и Даблин тогаш нанесуваат огромни економски штети на пограничните области, што доведува до појава на недозволена трговија и шверц.
Трговската војна завршува официјално во 1936 година, но царинските контроли остануваат во сила. Тие се задржуваат дури и по 1973 година, кога Ирска и Велика Британија заедно влегуваат во Европската Економска Заедница – претходник на денешната ЕУ. Контролите беа укинати во 1993 година со отворањето на европскиот внатрешен пазар. По излегувањето на Велика Британија од ЕУ, овој период на слободно движење на луѓе и стоки може да остане во историјата.

Пишува: Ричард Конор DW

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -