Законот за данок, првата клучна мерка која републиканците успеаја да ја протуркаат, воопшто не ја крие својата вистинска намера. Тоа е бесрамна шема за богатење на богатите на сметка на сиромашните, смета Михаел Книге.
По повеќе засрамувачки погрешни почетоци, републиканците во Конгресот, поттикнати од постојаните твитови на Доналд Трамп, конечно ја постигнаа својата прва легислативна победа изгласувајќи го законот за данок. Трамп и неговата партија сигурно ќе ги минат следните месеци фалејќи ги мерките како исполнување на ветувањата од кампањата дека ќе ја направи „Америка повторно силна“. А тоа, како што покажаа повеќе независни студии на планот, не е точно.
Напротив, она што даночниот закон ќе го стори е дека ќе дополнително ќе ги збогати богатите во САД. Според законот, најбогатите еден процент од Американците ќе добијат 82 отсто од неговите бенефити во 2027 – последната година на законот. Тоа е така затоа што најголемиот дел од мерките во законот за привремени и дотогаш ќе им измине рокот. Но дури и кога законот ќе влезе во сила следната година со сеопфатни намалувања на даноците, пет проценти од Американците ќе плаќаат повеќе данок од сега, додека најбогатите Американци ќе имаат најмногу ќар.