3.8 C
Skopje
Saturday, November 30, 2024

Митрополит Антониј: Светиот синод е категоричен, ќе и помогнеме на Македонската црква

Ставот на Светиот синод на Бугарската православна црква е повеќе од категоричен во однос на барањето на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Сакаме да помогнеме. Ова го изјави во пресрет на Бадник, западно и средноевропскиот митрополит Антониј. Светиот Синод, со своето искуство и мудрост, ќе донесе правилна одлука. Митрополитот Антониј категорично ги отфрли одредени тврдења дека тоа е провокација. “Во никој случај тоа не е провокација”, истакна пред  бугарската државна телевизија западно и средноевропски митрополит Антониј.

Само пред три дена во Софија Поглаварот на Македонската православна црква, архиепископот Стефан беше примен од Бугарскиот патријарх Неофит. Ова беше прва средба меѓу двајцата поглавари откако МПЦ-Охридска архиепископија побара од Бугарската патријаршија да биде нејзина Црква-Мајка и така да добие автокефалност. Македонскиот архиепископ Стефан беше придружуван од Преспанско-пелагонискиот митрополит Петар, кој е одговорен за надворешните односи на МПЦ-Охридска архиепископија, Дебарско-Кичевскиот митрополит и администратор Австралиско-Сидниски Тимотеј и Хераклискиот епископ Климент, секретар на комисијата.

Македонскиот архиепископ Стефан им се заблагодари на сите во Бугарија, кои ја поддржуваат желбата на МПЦ-Охридска архиепископија да добие признание на својата автокефалност и беше категоричен: “Писмото што го испративме до Бугарската патријаршија е прифатено едногласно од нашиот Свети Синод. Некои од митрополитите може да имаат и свое видување, но важно е што решава и вели мнозинството“!

поврзани објави

Последни објави