8.8 C
Skopje
Thursday, February 22, 2024

Владата ќе ја одржи 45-тата редовна седница

Владата на Република Македонија ќе ја одржи својата редовна 45-та седница, со повеќе точки на дневниот ред. На седницата ќе биде разгледано барањето за субвенционирање на проектите бесплатни викенди за превоз во железничкиот сообраќај, што го предлага Македонски железници Транспорт АД – Скопје. На предлог на Министерство за правда на дневниот ред на денешната седница ќе се најдат предлог-закони за изменување и дополнување на повеќе законски решенија како што се Законот за судовите, Законот за извршување на санкциите, Законот за јавнообвинителска служба, Законот за кривичната постапка, Законот за јавното обвинителство, како и Законот за Народниот правобранител. Министрите во Владата на РМ на денешната седница ќе го разгледаат и ќе расправаа по предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за внатрешни работи, и по предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за полиција. Министерството за внатрешни работи за денешната седница, за расправа на дневниот ред ги предлага и предлог – законот за следење на комуникациите, како и предлог – законот за Оперативно-техничка агенција. На оваа 45-та седница на владата ќе биде разгледан и предлог – закон за изменување и дополнувања на Законот за електронските комуникации, и предлог – законот за дополнување на Законот за класифицирани информации. Како предлог на Министерство за труд и социјална политика, на денешната седница ќе се најде и предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата.

 

 

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -