ФОТО: А1он
Веле Зафировски, дедото кој се грижи за напуштените близнаци, Тео и Тони, Новата година ќе ја започне на ново работно место. Општина Аеродром и Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ успеаа да најдат начин да му помогнат на семејството Зафировски.
Веле од самиот старт на новата година ќе се грижи за зеленилото во населба Долно Лисиче каде и живее. Понудата од општина Аеродром, Веле со отворено срце ја прифати и е пресреќен поради новото работно место.
-Пресреќен сум, им благодарам на луѓето од општина Аеродром кои ми ја најдоа работата, а Ви благодарам и на вас како медиум што ни помогнавте и преку донациите на граѓаните да дојдеме до основни услови за живот, вели Зафировски.
Инаку, старата трансакциска сметка на Веле повеќе не е во функција, доколку сакате да донирате за семејството Зафировски тоа може да го сторите на следната банкарска сметка:
Стопанска банка
Веле Зафировски
200003258978056
Извор: А1он