3.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

ГДУ со јасна порака до граѓаните зошто е потребен нов политички субјект! (ФОТО)

Политичката партија ГДУ (Граѓанска Демократска Унија) преку промотивен материјал испраќа јасна порака до граѓаните на Република Македонија зошто е потребен нов политички субјект на македонската политичка сцена. 

Имено, активисти на ГДУ како и нивни приврзаници кои сметаат дека ова ќе биде вистинската опција за десницата во Македонија, веќе активно работат на терен за собирање на потребните потписи за официјално регистрирање на партијата, но и преку рекламниот материјал ги образложуваат целите поради кои ќе биде формирана оваа политичка партија.

ЗОШТО ГДУ?

Фото

Затоа што Македонија не е правна држава
Затоа што не го знаеме името на министерот за правда
Затоа што властите секојдневно ги газат граѓанските права и слободи
Затоа што политичкиот систем во Македонија е корумпиран
Затоа што не сакаме Македонија да биде изолирана
Затоа што профитот на неколкумина е поважен од животот на многумина
Затоа што новинарите се слободни да го напишат она што им е наредено
Затоа што судските постапки траат подолго од животот на граѓаните
Затоа што образованието е во рацете на партиските јуришници
Затоа што јавниот здравствен систем е опасен по живот
Затоа што корумпираноста е доблест, а чесноста срам
Затоа што криминалот се исплатува
Затоа што…
Затоа…

поврзани објави

Последни објави