Владата на вчерашната седница донела став дека Годишната програма за работа на МРТ не е објавена во согласност со согласност законот, а тоа го попречило обезбедувањето на влијание на јавноста врз вкупното работење на јавниот сервис.
„МРТ ги прекршила сопствените професионални принципи за сеопфатно информирање на јавноста со прекинот на директниот пренос од Собранието на Република Македонија на 27 април“, пишува во соопштението од валдината прес-служба. Вакво мислење веќе донесе и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
Владата ја усвои Годишната програма за работа на ЈРП Македонска радио телевизија за 2018 година и предлог-одлуката за одобрување Финансиски план за 2018 година на Македонската радио телевизија