6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Масакр го потресе Балканот: Во семејна куќа пронајдени тела од 5 лица, меѓу нив и едно дете (ВИДЕО)

Тела на пет лица се пронајдени во една куќа во местото Нов Искар, во близина на Софија, соопшти бугарското МВР.

-Софиската полиција ја истражува смртта на двајца мажи, две жени и едно дете, се наведува.

Полицијата стигнала во куќата после дојавата на маж дека неговиот брат не му се јавува на телефонот.

Бугарскиот министер за внатрешни работи, Валентин Радев, изјавил дека директорот на полицијата излегол на лице мсто и дека за се е известен и премиерот.

-Се надевам дека наскоро ќе ја дознаеме вистината, кажал Радев.

Две тела се пронајдени на горниот спрат на куќата, а три доле. Направен е увид, а лекари од брзата помош утврдиле траги на насилство.

Според првичните информации на бугарските медиуми, станува збор за убиство, а убиецот е татко. Меѓу убиените се маж и жена на возраст од околу 60 години, момче и девојка од 20 и 18 години и 12 годишно дете.

Семејството пред две години ја купиле куќата во Нов Искар и се собрале таму да прослават Нова година.

поврзани објави

Последни објави