Во текот на вчерашниот ден топ тема во шпанските но и голем дел од светските медиуми беше можното заминување на Лионелн Меси од редовите на Барселона.
Наводно во новиот договор на Аргентинецот и клубо од „Камп Ноу“ имало специјален член кој би му овозможил на Меси доколку Каталонците се осамостојат, да го напушти клубот.
На ваквите гласини се јави таткото на фудбалеро кој го појасни ова.
„Навистина многу можеше да се прочита вчера за договорот на мојот син и Барселона. Вистина е дека откупната клаузула е 700 милиони евра, но исто така не е вистина дека тој може бесплатно да си замине. Клаузулата во која толку се зборуве е бесмислена и таа воопшто не постои. Но постои договор во кој Лео ќе остане во клубот се додека игра во врвна лига. Ако Каталонија постане независна и тогаш ќе биде член на клубот се додека тој игра во некоја врвна лига“, изјави Жорге.
Извор: СпортКлуб