Синоќа во Флорида падна добивка на лотарија вредна 450 милиони долари. Добитникот со броевите 28, 30, 39, 59, 70 и 10 ја освои лотаријата „Мега Милионс“, објавија американските медиуми.
Од лотаријата најавија дека за вечерашното извлекување на „Пауербол“ чекпотот ќе изнесува 570 милиони долари, додека чекпотот за „Мега Милионс“ се рестартира на 40 милиони