14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Пред 33 години докторите сакаа да го исклучат од апаратите: Стивен Хокинг наполни 76 години

Тој е еден од ретките генијални умови на денешницата, кој веќе 50 години докажува дека може да ја надмине медицината, која му предвидуваше само уште 2 години живот по откриената болест.

brilijantniot-um-stiven-hoking-zivotot-bi-bil-tragicen-ako-ne-e-komicen-01

Телото му е речиси нефункционално, но мозокот му е брилијантен. Стивен Хокинг е астрофизичар кој ја проучува Вселената и особено се занимава со феноменот на црните дупки, но полн е со животни мудрости кои вреди да бидат запаметени.

1. Запомнете дека треба да гледате кон ѕвездите, а не во стапалата . Обидете се да го разберете она што го гледате и причината за постоење на Вселената.

2. Бидете љубопитни и колку и да ви се чини нешто тешко во животот, знајте дека секогаш постои нешто што можете да направите за да успеете. Важно е да не се откажувате.

3. Не е потребно да го барате Бог за да запали искра и да го придвижи Универзумот.

5. Луѓето нема да преживеат ни во наредните 1000 години, ако не побегнат од нашата кревка планета.

6. Ако сфатите како функционира Космосот, на некој начин може да го контролирате.

7. Луѓето кои се фалат со својата интелигенција се губитници.

8. Сум забележал дека дури и луѓето кои мислат дека сè е предодредено и дека ништо не може да се случи за да се промени тоа,погледнуваат околу себе кога преминуваат улица.

9. Најголемиот непријател на знаењето не е незнаењето, туку илузијата за знаење.

10. Интелигенцијата е способност за приспособување на промените.

11. Луѓето нема да имаат време за тебе, ако постојано се жалиш и лутиш.

12. Не треба да се лутите кога ќе запрете на некој проблем. Она што треба да направите е да продолжите со мислите за проблемот додека работите на нешто друго, додека не го најдете вистинското решение.

13. Жени. Тие се вечна инспирација

14. Животот би бил трагичен, ако не е комичен.

15. Спонтаните случувања се причина што некои нешта повеќе постојат отколку што не постојат.

 

Извор: Црнобело

поврзани објави

Последни објави