Судиите од Белорусија, Андреј Гушко и Сирхеј Репкин се делегирани да ја делат правдата на мечот меѓу Македонија и Германија, кој директно одлучува за првото место во групата Ц.
Се работи за добро познати арбитри коишто досега и имаат судено на Македонија, но секогаш било тешко и неизвесно кога тие биле на теренот.
Што се однеува до делегатите, покрај аут линијата ќе бидат Петер Олсон од Шведска и Хелмут Виле од Австрија.