Борусија Дортмунд испрати јасна порака до сите потенцијални купувачи: Кристијан Пулишиќ не е на продажба за износ помал од 100 милиони евра!
Земајќи ја во предвид играта на 19. годишниот репрезентативец на САД и цената на пазарот последните години, не чуди што во германскиот клуб бараат астрономска цифра за својот најдобар фудбалер.
Но, она што ги изненади сите е коментарот на младиот Пулишиќ, кој без резерва призна дека има голема желба да игра во Премиер лигата бидејќи од мал навива за – Манчестер Јунајтед!
“Да, вистина е. Од мал сум навивач на Јунајтед. Среќен сум што слушам дека во Манчестер Јунајтед се заинтересирани за мое пристигнување на Олд Трафорд, но, секако, сега сум фокусиран на Борусија Дортмунд, порача играчот за чии услуги се заинтересирани Баерн и Ливерпул.
https://www.youtube.com/watch?v=zJlWHanDfkw