3.8 C
Skopje
Saturday, November 30, 2024

Шекеринска, Баришиќ, Пендаровски и Орданоски ќе говорат за НАТО

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, Амбасадорката на Република Хрватска, Данијела Баришиќ, Националниот координатор за НАТО, Стево Пендаровски и политичкиот аналитичар, д-р Сашо Орданоски ќе говорат на панел дискусијата „Членството на Република Македонија во НАТО: Задачи, предизвици и можности“, утре (четврток, 8 февруари 2018), во хотел Сити Парк, со почеток во 13 часот. 

Прашањата на кои ќе одговараат панелист(к)ите се однесуваат на задачите кои треба да се завршат во процесот на зачленувањето на Македонија во НАТО, дали спроведувањето на активностите во рамките на процесот гарантираат транспарентност на институциите и почитување на човековите права и слободи, како и на предизвиците и можностите кои се отвораат во овој процес.

Исто така, панелист(к)ите ќе се обидат да дадат одговор и на прашањата дали ризикот од тероризам ќе се зголеми или ќе се намали, како и на тоа колку членството во НАТО ќе придонесе кон јакнење на политичката стабилност и демократијата. Дискусијата ќе ја води Џабир Дерала од ЦИВИЛ, кој ќе им даде збор и на присутните, но ќе ги достави и прашањата од јавноста кои ќе бидат доставени онлајн преку формуларот за комуникација со организацијата.

Повеќе за ова на Civilmedia.mk

 

поврзани објави

Последни објави