Бугарскиот прeтседател Румен Рaдев утре доаѓа во официјална посета на Македонија во придружба на двајца митрополити на Бугарската православна црква, Николај и Кипријан, коj е претседател на синодалната комисија за преговори со МПЦ, а Пловдискиот митрополит Николај е член на истата комисија.
Според агендата утре Радев ќе се сретне со претседателот Ѓорге Иванов. Нема официјална потврда дали ќе има и работна средба на комисиите меѓу двете цркви, но е извесно дека бугарските владици ќе се сретнат со членови на Синодот на Македонската црква