4.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

САД против идејата за размена на територии меѓу Косово и Србија

Тајните преговори, кои наводно се во тек меѓу високи косовски и српски официјални претставници, за размена на територии меѓу Косово и Србија, немаат поддршка ни од САД, се вели во одговорот од амерканската Амбасада во Приштина, на прашање на приштинскиот весник „Газета експрес“.

Амбасадата наведува САД се против ваквата идеја, бидејќи размената на територии би предизвикала повеќе проблеми отколку решенија.

– Ние не ја поддржуваме размената на територии или преседани што ќе предизвикаат повеќе проблеми, отколку решенија, но сите страни треба да бидат креативни за да најдат решение, стои во одговорот.

поврзани објави

Последни објави