Манчестер Јунајтед изгуби два последни премиерлигашки гостувања, а црвениот аларм е запален на Олд Трафорд. Сепак, Жозе Мурињо е многу повеќе загрижен за Пол Погба, кои последните месеци ниту малку не ужива во фудбалот.
Вистина, ни навивачите и критичарите не се задоволни со скромните изданија на Французинот кој е платен со неверојатно голема сума. Најскапиот играч во историјата на Манчестер Јунајтед смета дека за неговите лоши игри кривец всушност е Жозе Мурињо.
Наводно, Мурињо и Погба, кои одлично се согласуваа минатата сезона, сега воопшто и не комуницираат. Мурињо го повреди тоа што Погба всушност жали за тоа што заминал од Јувентус за кој вели дека победувал и освојувал трофеи.
Французинот е незадоволен што тој во средината игра со Немања Матиќ. Бившиот ас на Старата Дама смета дека со тоа се сузбива неговата креативност и офанзивни способности.
Својата идеална позиција Погба, за разлика од неговиот тренер, ја гледа близу голот. Погба поради лошата игра против Тотенхем беше заменет во 63. минута. Хадерсфилд се пресели на клупата, а во поразот од Њукасл повторно беше изваден од игра пред крајот на натпреварот.
Многумина сметаат дека Реал ќе ја искористи оваа ситуација и дека веќе Перез спремил понуда за најскапиот ѓавол… Дали ова ќе биде вака односно дали Реал ќе успее да го купи најскапиот играч на Манчестер останува да видиме…