6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Срамно е што Шилегов се фали со простор за автобуска станица, смета ВМРО-ДПМНЕ

Според опозициската ВМРО-ДПМНЕ, срамно е што градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, се фали со простор за автобуска станица. Според партијата, отворањето на старата постојка во ГТЦ нема да го заживее трговскиот.

„Наместо нови асфатлирани улици, нови паркови и зелени површини, наместо нови водоводи и канализации градоначалникот Петре Шилегов срамно се фали со тоа што пуштил во употреба простор кој ќе биде автобуска станица во ГТЦ. Во недостаток на вистински проекти Шилегов се посрамоти. Забеганоста оди дотаму што за врвно достигнување во неговата работа се смета просторот наменет за автобуската станица, и згора на тоа организирал и музика. Целиот овој настан спаѓа во рубриката верувале или не“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата му порачаа на Шилегов да ги засука ракавите и да започне со вистинска работа и проекти. „Сигурно нема да го врати животот на ГТЦ како што тој вели со нова автобуска станица. По искривената логика на Шилегов, причината поради која ќе заживее ГТЦ е редењето на автобуска станица во ГТЦ, и обезбедувањето на тој начин поголема бројност со луѓе, тогаш по истата таа негова логика и преселувањето на скопското зелено пазарче во ГТЦ би донело уште поголема бројка на луѓе. Но реалноста е дека за заживување на ГТЦ не е потребна автобуска станица, ниту ново пазарче, туку темелна реконструкција“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

поврзани објави

Последни објави