5.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

ЈАС СУМ ОД НЕАПОЛ, ЗА МЕНЕ БОГ Е САМО МАРАДОНА!

Лоренцо Инсиње ја раскажува својата приказна на обожавателите

Ѕвездата на Наполи, Лоренцо Инсиње напиша инспиративна приказна за својот живот и кариерата во „Плејерс трибјун“ чија цел е професионалните спортисти да ги приближи до нивните обожаватели. Инсиње е роден во Фратамаџоре 15 километри северно од Неапол. Тој заедно со третиот голман Луиџи Сепе се единствените неаполитанци во екипата на Наполи. Лоренцо ги открива своите почетоца, а зборува за Роналдо и првите копачки, Марадона, Зденек Земан и цигарите, Неапол и фамилијата… сонот му е во мај да го прошета „Скудетото“ низ улиците на Неапол.

„Пред да почнам морам да му се извинам на Бог. А кога велам Бог, мислам на господинот Марадона. Исто така сакам да му се извинам и на татко ми, затоа го грешев“. А за што точно се работи Инсиње објаснува во својата приказна.

МУ СЕ ИЗВИНИ НА МАРАДОНА ЗА СТОРЕНИОТ ГРЕВ

„Имав осум години кога направив голем грев. Можеби тоа и не е грев за многумина, но за жител на Неапол тоа е голем грев. Туку што почнав да играм фудбал и посакав вистински копачки. Иако не требаше да ги имам затоа што бев многу мал и премногу низок. Но сакав да играм. Дури плачев покрај теренот кога играше мојот постар брат. Не само што плачев, се трескав од земја, како да умирам, се додека не ме пуштија да играм. Веројатно сакаа да ме замолкнат. Тогаш побарав копачки. Мојата фамилија беше од скромно потекло. Фратамаџоре, местото во кое израснав, во тоа време немаше ништо. Никаква работа, моите немаа многу пари. А јас сакав одреден вид на копачки Р9, тие што ги носеше Роналдо (Бразилецот): сребрени, со сино-жолта линија. Роналдо ги носеше на Мундијалот 1998. Други не сакав. Секој ден му додевав на татко ми за тие копачки. А тој веројатно сакал да ме убие затоа што тој многу сакаше да зборува за Марадона. Израснав слушајќи ги приказните за него. Тој секаде беше легенда, а во Неапол – Бог! Татко ми сакаше да ми купи обични, црни копачки какви што носеше Марадона, а јас му реков: „Не разбираш. Роналдо е најдобар“! Тогаш го направив најголемиот грев. Извини тато, извини Диего“.

„Еден ден поминавме низ пет продавници и ги немаше. Во шестата ги најдовме и имаше мој број. Скокав од радост кога татко ми ми ја предаде кутијата. Тоа беше најдобриот подарок. Смешно е, но кога ќе станеш професионален фудбалер добиваш толку многу копачки што тоа губи смисол. Но тие копачки? За мене тие беа посебни. Ги чистев секој ден. Знаев колку татко ми се жртвуваше за нив. Долго време ги носев, а потоа престанаа да ги продаваат. А кога ми се скинаа, плачев“.

ПРОБИ ВО ИНТЕР, НАПОЛИ, ТОРИНО, НО НЕ ГО САКАЛЕ ПОРАДИ ВИСИНАТА

„Каде и да отидев го велеа истото: „Добар е малиот, но многу е низок“. Кога на 14 години тоа ми го рекоа и во Торино тогаш си реков дека сакам да прекинам. Се почувствував бескористен. Техниката, брзината, силата можеш да ги поправиш, но не и висината! Секое утро се будев со надеж дека сум пораснал преку ноќ. Кога татко ми ме праша што ќе правам сега кога повеќе нема да играм фудбал, тогаш се помислив и си реков: „Навистина, што ќе правам сега?“… И продолжив да играм. Наредната година Наполи ме повика. Не играв често во младинските категории, но бев задоволен кога ќе ме повикаа да собирам топки за време на натпреварите. Чувството да се биде на „Сан Паоло“ е неверојатно. Не можам да ја опишам таа енергија која се чувствува на стадионот, атмосферата која ја создаваат навивачите…

Е тогаш си реков: „Поѓаволите, сакам да одиграм само еден натпревар за првиот тим и потоа можам да си умрам среќен“. Дебитирав за првата екипа во 2010 година. Игравме на гости кај Ливорно. Кога се вратив, татко ми ме зема од аеродром и ми рече дека целото маало ме чекало на улицата, дека палеле факели и ми направиле торта. Најдобро беше кога го видов мајкиното лице затоа што таа е луда за фудбалот. Таа постојано ги гледаше репризите на натпреварите на Наполи. Викаше на телевизорот. Наполи е во нашата крв, а на овој клуб му должиме многу затоа што нѝ помогна во тешките моменти“.

РОМАНТИЧНА ПРИЧИНА ЗА ВРАЌАЊЕ ВО НЕАПОЛ

„Две сезони играв на позајмица. Прво за Фоџа во Серија Ц, па за Пескара во Серија Б. Пред Пескара ја запознав Џени (идната сопруга). А ако малку го познавате југот на Италија ќе ви стане јасно зошто нејзините не ја пуштија со мене во Пескара. Ма нема шанси. Па така морав да се вратам во Наполи, а како би го направил тоа? Има само еден начин. Во Пескара да се изборам за таа привилегија. Дадов 19 голови таа сезона, па Наполи ме врати

 

Повеќе за ова на: sport.com.mk ИЗВОР

поврзани објави

Последни објави