Се сомневаме дека било кој, дури и кој површно би го следел фудбалот, во овој момент би го сменил од менаџерската функција во Арсенал тренерот Арсен Венгер. После поразот во финалето од Лига купот, Французинот го бомбардираат од сите страни, па така и, неговиот некогашен миленик и легенда на лондонскиот клуб Тиери Андри чија цел е да го преземе кормилото на Арсенал.
– Дали сум заинтересиран? Сум. Додуша, не можам да зборувам за тоа бидејќи работам во Белгија но работа како тренер на Арсенал би било мое остварување на соништата!“, истакнува Анри.
Арсенал изгуби шест од осум финални натпревари од Лига купот, а Топчиите се првите момци кои изгубиле три финални натпревари по ред од ова натпреварување. Венгер, по обичај, по различно ги гледа работите од критичарите.
Одиме дома разочарани, но имам чувство дека имавме многу работи кои беа против нас. Сами сме криви за поразот. Имавме сјајна шанса на 0:0, им подаривме гол за 1:0 а во другиот дуел и малку повеќе простор. Другиот гол беше офсајд.
Не знам кој беше ВАР, но мистерија е како може да се гледа успорена снимка и да не се досуди офсајд во таа ситуација? Откако Сити ја презеде контролата и беше подобар“, вели Венгер и заклучува: Како менаџер морате да прифатите и лоши и добри работи. Тоа е дел од оваа работа и фудбал.








