Управата за јавни приходи соопшти дека казните изнесуваат 3.000 евра за компаниите кои до 25. јануари нема да издадат зборни пресметки за вработените, а одговорното лице ќе добие казна во изност од 30% од одмерената глоба за даночниот обврзник.
Годишен извештај треба да поднесат и организаторите на зелен пазар, кои вршат трговија на големо и мало, како и граѓаните кои имале откуп на земјоделски производи.
„Исплатувачите кои извршиле исплата на приходи од добивки од посебни игри на среќа (игри на среќа во казино, обложувалница и автомат клуб) немаат обврска да поднесат Годишен извештај ‘ПДД-ГИ’“, стои уште во соопштението од УЈП.