7.8 C
Skopje
Saturday, October 26, 2024

Во вторник испаднаа од Лига на шампиони, а во четврток го купуваат најлошото „засилување“

Сопствениците на ПСЖ полека, но сигурно губат компас.

Прво испаднаа од Лига на шампиони и тоа во осмина-финалето, а сега екипите сакаат да се засилат со играчи кои не можат да донесат ништо добро на тимот.

Станува збор за играчот на Манчестер Јунајтед, Фелаини, за кој навивачите на Црвените ѓаволи би биле пресреќни доколку клубот успее да го продаде. Од друга страна, ПСЖ со задоволство би го видел во своите редови и има намера да му понуди 4-годишен договор според кој би заработувал 4,5 милиони фунти годишно, пренесуваат француските медиуми.

Истиот извор наведува дека агентот на Фелаини наскоро ќе седне со челните луѓе на ПСЖ да ги договорат последните детали за да ги договорат деталите за соработка. Фелаини има важечки договор со Јунајтед до ова лето, така да ПСЖ не мора да плаќа обештетување.

поврзани објави

Последни објави