3.8 C
Skopje
Friday, December 13, 2024

Центар: Во дворот на општината нема да се гради факултет

Општина Центар со соопштение реагира на тврдењата на одредени медиуми дека новата зграда на Факултетот за ликовни уметности и ликовната академија, при Штипскиот универзитет, ќе се гради во дворот на општина Центар. Овие информации, велат од општина Центар, не се точни. Еве го соопштението:

Со одлука на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, парцелата каде се планира тој објект е предвидена за „градби од посебен интерес“ и се наоѓа во дворот на Генералштабот на РМ, не на општината.

Како што информиравме во повеќе наврати , Владата направи упад во ингеренциите на општината и го одзема земјиштето преку горенаведената одлука. Поради тоа, уште во 2015 година, градоначалникот на општина Центар покрена иницијатива пред Уставниот Суд за оценување на уставноста и законитоста. До ден денес, Уставниот Суд се нема произнесено по ова прашање.

Ист таков упад, Владата направи за уште две парцели во Центар, односно во парцелата на ПУИГ и во парцелата на бараките на Град Скопје. На тогашната прес конференција, градоначалникот Жерновски го објави ова кршење на законите и најави тужби. Општина Центар ниту дозволила, ниту ќе дозволи било каква градба, а постапка токму за овие незаконски одлуки градоначалникот ја води пред судовите. Вистинската адреса за критика е Владата на ВМРО-ДПМНЕ, не општина Центар.

Од друга страна, изработката на ДУП “Дебар Маало”, според новиот ГУП од 2012 година, започна во почетокот на 2013 година, а по добивање на Решение за конзерваторски основи од Министерството за култура. Јавната анкета се одржа од 13.07-11.09.2015 година, со продолжување до 28.09.2015, што е прв случај од ваков вид во општина Центар. Додека се решаваа забелешките по анкетата, Министерството за култура, со Решение за престанок на заштита на споменична целина Дебар маало, не дозволи продолжување на планот без одобрување на нови конзерваторски основи.

Сакаме да ја запознаеме јавноста дека овие одобрувања, кои се неопходни за да продолжи целата процедура до конечно носење на новиот ДУП, општина Центар ги чека од февруари 2016 година. Во превод, блокадата трае година дена.

Од овие причини, постапката за донесување на ДУП не може да продолжи, се’ додека не се достават нови конзерваторски основи, за кои се надлежни Конзерваторскиот центар и Министетството за култура-Управа за заштита на културното наследство на РМ.

поврзани објави

Последни објави