4.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

АПЕЛ ЗА ЛУКА: Твоето око пак ќе гледа, туморот заеднички ќе го победиме!

На добрите луѓе никогаш не им е доста кога се во прашање добрите дела. По хуманитарната акција за 13-годишниот Давид Стојановски, кој пред три дена се оперираше во Виена, време е за нова акција, за уште една хумана мисија. Борба за живот на малото двегодишно ангелче Лука Јовановски. Ова мало детенце, чии родители се по потекло од кратовско, а живеат во Мралино, му е потребна нашата финансиска помош. Неодамна му е дијагностицирана злокобна болест, малиген тумор на окото. Се работи за редок вид рак, RETINOBLASTOMA, кој успешно се лекува во Истанбул, но операцијата чини 20.000 евра. Во прашање не е само видот на Лука, во прашање е штотуку започнатиот живот на детето кое заслужува уште еднаш да направиме мал духовен подвиг, да демонстрираме хуманост и милосрдие.
Сметка за донација: 380176980603113
Име и презиме: Игор Јовановски (татко на Лука)
Прокредит банка
Контакт број: 075-215-539

поврзани објави

Последни објави