Големата кошаркарска ѕвезда Кајри Ирвинг која настапува за Бостон Селтикс ја заврши сезоната поради повреда на коленото. Кошаркарот кој требаше да ги води Селтикси до титула годинава, поради операцијата на коленото нема да биде во можност да им помогне на согирачите во остварувањето на целта. Иако и од стручниот штаб на тимот и од самиот играч се добиваа позитивни информации за враќањето на теренот, денес излезе официјална информација дека Кајри го пропушта остантиот дел од сезоната. Бостон има големи проблеми со повреди и тоа им ги наруши плановите за титула годинава. Останува да видиме колку далеку ќе ги однесе Тери Розиер, замената за Ирвинг.