Трофејот стигнува во последното коло?
Фудбалерите на Барса наредониот викенд играат во гости против Депортиво Ла Коруња и во случај да освојат еден бод теоретски ќе ја осигураат титулата во Шпанија.
На каталонскиот клуб е потребен уште само еден бод за титулата од Ла Лига да пристигне на Камп Ноу, а навивачите на Барселона се надеваат дека тоа ќе се случи во наредното коло против Депортиво кој со една нога е во втора лига. Барса пред неколку години го освои Купот на Кралевите, а со дупла круна сака да се опрости Андрес Иниеста.
Иниеста веќе најави дека на крајот на сезоната најверојатно ќе ја напушти Барселона. Поради тоа каталонскиот клуб ќе побара од челниците на Ла Лига да направи измена односно исклучок во правилата кога станува збор за официјалната прослава на титулата, односно за доделување на пехарот за шампион во Шпанија.
Имено, обично правилото е да се трофејот врачи на шампионот во првиот натпревар од новата сезона. Сепак, од Барса најавија дека ќе побараат трофејот на Камп Ноу да биде на последното коло за да Иниеста може да се опрости од клубот на најдобар можен.