Познатата американска телевизиска ѕвезда Опра Винфри, фудбалската ѕвезда Дејвид Бекам и неговата сопруга Викторија, актерот Џорџ Клуни и сопругата Амала беа првите ѕвезди кои пристигнаа на свадбата на принцот Хари и Меган Маркел, соопштија светските новински агенции.
Џорџ Клуни и сопругата и неговата сопруга веднаш оставија свој печат меѓу пристигнатите. Амал Клуни носи фустан со боја на сенф и шапка. Веднаш по нивното пристигнување, меѓу гостите можеа да се забележат и Дејвид и Викторија Бекам, која носи елегантен долг црн фустан.
Опра Винфри зрачи со холивудска ексцентричност со темни очила и розев фустан.
Меѓу гостите е и познатата тенисерка Серена Вилијамс.