2.8 C
Skopje
Saturday, January 11, 2025

Првиот човек на британската дипломатија 18 минути разговарал со лажен премиер на Ерменија

Џонсон беше цел на измама и е изложен на јавен потсмев, пишуваат британски медиуми.

Тој зборувал 18 минути по телефон за односите со Русија, иранскиот нуклеарен договор, Сирија и многу други работи, не знаејќи дека тоа е руски комичар, кој потоа го објавил разговорот на интернет.
Британското Министерство за надворешни работи потврди дека се работи за „детска измама“.

Рускиот комичар тврдел дека е новиот ерменски премиер Никол Пашинјан и оти наскоро ќе се состане со рускиот претседател Владимир Путин.
– Се надевам дека тој нема да ме отруе со „Новичок“, му рекол на Џонсон, алудирајќи на труењето со нервен агенс на двојниот шпион Сергеј Скипал и неговата ќерка Јулија.
Џонсон рече дека „би дошол во Ерменија за да види какво искуство имаат тие со Новичок” и зборувал за санкциите против руските богаташи што живеат во Велика Британија.

поврзани објави

Последни објави