3.8 C
Skopje
Saturday, November 30, 2024

Готово е: Челзи има нов тренер!

Официјално соопштение се очекува во секој момент!

Според „Спортмедиасет“, Маурицио Сари постигнал договор со управата на Челзи и од следната сезона ќе ја предводи екипата од „Стемфорд Бриџ“.

Тој наводно веќе потпишал четиригодишен договор тежок шест милиони евра по сезона и ќе го наследи Антонио Конте како менаџер на Челзи.

 

Според бројните пишувања, во најскор можен рок се очекува официјализирање на соработката.

Сари го напушти Наполи по три години минати во клубот, а него на тоа место го наследи Карло Анчелоти.

Покрај искусниот Италијанец, еден од главните кандидати за клупата на „Сините“ беше и поранешниот тренер на Барселона Луис Енрике, кој по се судејќи ќе мора да почека уште за некој нов ангажман.

Челзи така, според пишувањата на споменатиот италијански медиуми, прифатил и да му плати на Наполи осум милиони евра на име на обештетување, со оглед на тоа дека Сари наводно и покрај ангажирањето на Анчелоти беше под договор на „Сан Паоло“.

Исто така се наведува дека Абрамович на Марина Грановскаја и наложил да потпише со Сари денеска или најдоцна утре, а изгледа дека директорката на клубот во експресен рок ги завршила сите детали.

Сари тренерската кариера ја започна во Пескара, работеше и во Арецо, Авелино, Верона, Перуџа, Алесандрија, Соренто и Емполи пред да се приклучи на Наполи во 2015. година.

За три години под Везув не успеа да освои ниту еден трофеј, но минатата сезона ја доби наградата за најдобар тренер во Серија А.

Оваа сезона неговиот наполи освои дури 91 бод во италијанскиот шампионат, но титулата ја освои Јуве со четири бода повеќе.

Конте, од друга страна, се разделува со Челзи по две сезони. Во прваат ја освои Премиер лигата, а во оваа ФА Купот, но неслогите со управата и фактот дека Челзи следната сезона ќе игра во Лигата на Европа сепак го оставија поранешниот тренер на Јувентус и италијанскиот селектор без работа.

Извор: Sportclub.mk

поврзани објави

Последни објави