3.8 C
Skopje
Saturday, November 30, 2024

„Економист“: Запознајте ја новата земја „Северна Македонија“

Еден од највлијателните британски медиуми „Економист“ во своето печатено издание објавува анализа за договорот за името меѓу Македонија и Грција во која објаснува дека по 30 години конфликт двете земји се договориле Македонија да се нарекува Северна Македонија.

За разлика од насловот на печатеното издание на весникот каде насловот на текстот е „Во име на мирот“ во дигиталното издание на истиот текст Економист вели: Запознајте ја новата држава „Северна Македонија (Meet a new country: “Northern Macedonia”).

Во текстот освен за историјата на конфликтот за името Економист пишува за пофалните зборови што Ципрас и Заев ги добиле од светските лидери како и за проблемите со Каменос, грчката опозиција и претседателот Иванов кој одби да го прифати договорот. Според Економист договорот ќе и овозможи на Македонија брзо да се придружи на ЕУ и НАТО со што ќе се олабават западните влади кои се уште се плашат од ентички конфликти во земјата.

поврзани објави

Последни објави