3.8 C
Skopje
Saturday, November 30, 2024

Американски професор предлага Ципрас и Заев да бидат номинирани за Нобелова награда за мир

Американскиот професор од универзитетот „Џон Хопкинс“ Едуард Џозеф предлага премиерите на Македонија и Грција да бидат номинирани за Нобелова награда за мир поради постигнатиот договор за името на Македонија.

Во текст објавен во американското издание “Форин полиси“, тој вели, дека договорот создава модел за справување на точките за идентичноста, кои водат до конфликт, не само на Балканот туку и глобално“, со што се зголемува довербата на ЕУ во целосниот западен проект на Балканот.

Затоа визијата на грчкиот премиер Алексис Ципрас е “исклучителна“, смета професорот. “За разлика од сите свои претходници Ципрас разбра дека предноста да ја ослободи Грција од непотребен товар во односите со ЕУ и НАТО, како и соседната земја, е правилен чекор. Второ, Ципрас виде надеж за решавање на проблемот односно спорот со доаѓањето на неговиот колега на власт, македонскиот премиер Зоран Заев“, пишува Џозеф.
Според него договорот е удар за Москва.

Тој налгасува дека со влегувањето на Македонија во НАТО, се обезбедува стабилноста во државата и на Балканот.

поврзани објави

Последни објави