Почитуван пријателе Алексис, почитувани министри Димитров и Коѕијас, почитуван медијаторе Нимиц, почитувана мадам Могерини, почитуван комесаре Хан, почитувани граѓани.
Колку убав и историски ден. Нека ни е со среќа!
Дозволете да парафразирам – нема да можеш да постигнеш ништо без храброст, храброста е после честа. Кога имаш верба, храброст и надеж можеш планини да поместиш! Со потпишувањето на договорот за решвање на спорот за името и за стратешко партнерство меѓу двете земји навистина поместивме планини! Денес ставаме крај на еден спор, ставаме крај на повеќегодишни разлики коишто издигнаа ѕид кои ги отежнуваа нашите односи со соседите. Тоа беа три децении сериозни грижи за несакани последици врз нашите земји.
Затоа ние, јас и мојот пријател Ципрас, со поддршка на ЕУ и нашите стратешки пријатели тргнавме по потрага по решение и стигнавме до решение. Овој свечен чин е израз на нашата посветеност да најдеме решение кое е во интерес на нашите земји. Три децении решававме спор, но тие не научија на многу важни работи! Големите визии може да се решат само преку храбра иницијатива! Постојано се повикуваме на градење доверба и создавање пријателски амбиент, научивме дека треба да учиме од историјата, а не да ја повторуваме. Кога земјите се во мир, таков ќе биде и светот! Кога земјите се во агонија, страда и светот! Што добиваме од овој договор – охрабрување и аспирација за поголема доверба меѓу двете земји. Овој процес ни донесе пријател, некој кој што не убедуваше дека е непомирлив пријателл. Ќе бидеме сојузници. Тие ќе бидат наши поддржувачи за придобивки на граѓаните од двете земји. Повеќе не можеме да игнорираме дека живееме во свет во кој сме упатени едни на други. Заеднички создаваме на регионална заедница семејство фокусирано на луѓет на граѓаните. Да ги отвориме границите за пријателство, а не за тензии.
Ни претстои уште една цел – посилна економска соработка. Со договорот кој што го потпишуваме создаваме историска шанса за посилни економски врски, за постигнување повисок раст и развој. Од изолација ниту една земја немаше полза. Ни претстои уште нешто – сакам да упатам порака до противниците на овој договор во двете земји. Нашите граѓани на двете земји еднакво ги заслужуваат мирот, демократијата, владеењето на правото, слободата во сите нејзини форми. Европскиот концепт е цивилизациска вредност која е демократска и која се противи на стравот. Грците, Македонците, Европјаните се посилни од стравот. На Европа и е туѓа ксенофобијата. Тоа не се опции на Европа. Демократијата се бори против стравот и болката. И сите да знаат – противниците на овој договор имаат право на свое мислење и на гласен аргументиран став. Да се има став е европски манир, исто како што е европски да се разговара. Европски е да му дадеме шанса на понуденото решение. Сите наши заеднички партнери и поддржувачи порачаа дека овој договор е чекор со кој нашите две земји тргнуваат кон иднината, излегувајќи од минатото.
Ви упатувам благодарност и тебе и министерот Коѕијас што се посветивте на ова вековно решение. Застанавте на вистинската страна на историјата. Дозволете ми да упатам благодарност до медијаторот Метју Нимиц кој посвети долги години, што е чин за респект. Изразувам благодарност до ЕУ. Присуството на високата претставничка за надворешни работи на ЕУ и на почитуваниот комесар за проширување на ЕУ Јоханес Хан, денеска тука, ни потврдува дека тие остануваат покрај нас во сите заеднички идни предизвици. Голема е поддршката која ја добивавме и од нашиот стратешки партнер на САД. Сакам да изразам благодарност и до шефовите на државите од Западен Балкан.
Денес можеме слободно да кажеме дека сме горди на овој наш договор. Се обединивме околу решение на еден спор кој не делеше, избравме решение кое не обединува. Сега и засекогаш! – рече премиерот на Република Македонија Зоран Заев во своето денешно обраќање по повод потпишувањето на договорот за името.