Според предлозите на локалната самоуправа, а поради зголемено иселување, општината Албиен во Швајцарија, на четиричлено семејство би му дало 70.000 франци, или 60.000 евра ако се одлучат да живеат таму.
Малото село има околу 240 жители, а морале и да го затворат училиштето поради немање доволно ученици.
За купување или изградба на куќа мора да вложите најмалку 200.000 франци (повеќе од 170.000 евра) и тоа мора да ви биде постојан дом, а не викедница и за тоа на новите жители ќе им бидат понудени по 25.ооо франци за секоја возрасна личност во семејството и додатни 10.000 за секое дете- пишува Локал.њуз.
– Тоа е вложување во селото – пишува локалниот весник и се надеваат дека во најдобар случај ќе се активира и училштето.
Албинен не нуди многу можности за вработување, но сепак големите градови се наоѓаат на половина час возење и лесно ќе најдете работа, а во близина се наоѓа и СПА центарот Лукербад.