3.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Катерина Колозова жестоко против власта: Имате триста ад хок стратегии за арач и 0 буквално 0 визија за економски развој

Професорката Катерина Колозова, која изминатите месеци цврсто го бранеше договорот со Грција, сега со поинаков став за политиките кои ги води оваа влада. Еве што напиша на својот профил:

“Ова е легализиран грабеж на парите даночните обврзници. Патните во плата да ви бидат вклучени ко на сите други, или организиран превоз или пари колку за автобуска карта. СДСМ има некоја чудна идеја за тоа што се народни пари: тие се нашите пари, генерирани со даноци што ние ги плаќаме (а парите ги создаваме ринтајќи тука или во странство), и вие пред нас одговарате како ги трошите, не обратно.

Значи, наши а не ваши. И место да ги даночите ко капиталисти оние што создаваат каква-таква реална економија и тоа домашна, овие перверзии да се укинат под итно. Само од “Мадам Дизел” сте можеле да инвестирате со кредит во некој мал ИТ старт ап. Триста ад хок стратегии за арач и 0 буквално 0 визија за економски развој.”

поврзани објави

Последни објави