14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

ТРЕБАШЕ ДА ГИ ЗГАЗИТЕ РАДИ САЗДО!

Јас не сум комита, дедо ми бил, ама онаков обичен без титули…

Ве глеав момци и нема да ве лажам- не ми го направивте кејфот. А баш се надевав да ме извадите од лудилото што ме фати деновиве, ама ете толку можете, ве надитрија некакви-никакви од Ерменија. Тие истите вечерва си напишаа историја, а вие… вие треба, ама многу убаво да размислите на темата: Кој курац го носам црвено-црниот дрес, ако не знам колку тежи и вреди. За пари? Да ви ги мочам од керамиди тие пари? Што ви вредат, кога си туривте ваков срам? Или не ви е битен срамот, да помине утакмицава, па после ќе му ја мислите…

На полувреме идеше „Слушам кај шумат шумите“. Таму се пее за еден комита, ама таков необичен со две титули, ем војвода ем капетан. Таа песна ечеше и за Саздо, за него требаше да играте пичка му матер, за него. Да ги изедете баткиве во бели дресови. Да го испочитувате момчето што одеше со вас, што пееше за вас, што пцуеше за вас, што живееше за вас, ама тоа е, толку си можете. Кој сум јас за да ви судам? Никој!!! Еден Бугар, кој дошол да ве гледа, и да си поплаче за оној малиот „багабонт“ што Господ многу рано го прибра.

Си поплакав да ви кажам, ама не за вас… да јадевте „тројче“ со убава игра, ќе беше друго. Поплакав ради неправдата. Истата таа неправда што ме турна мене, и што ги турка сите емотивци кога ќе ги мавне по јајца.

Да, да токму така сега овде пишувам со емоција. Полн сум со јад и бес, ама не поради фактот што вие им дозволивте на оние анонимци да си ја збогатат клубската историја, напнат сум ради друго, па ете ми прилика онака непрофесионално да се испукам. Јас така можам. Страста ко ќе ми ја згазат, пукам у глава… хедшот што би рекле браќата енглези.

Јад и бес што бараат лек, тоа сум јас во моментов… пцујте ме слободно. Вие ја имавте шансата, да ја облажите болката на сите што го сакаа Саздо. Јас не го познавав, ама плачев за него, и сега пишувам за него, а малце и за мене, оти ова не е профи текст, ова е повик. Ова е само еден најобичен ебен повик: „Стегајте ги тоа гаќите или фаќајте магла, оти имавте право на една грешка и си ја искористивте“. Стегајте ги гаќите или магла, оти црвено-црниот дрес е одговорност што тежи!!!

Автор: Батко Тане

Извор: Трибуна.мк

поврзани објави

Последни објави